Апартманите се лоцирани на тивко и мирно место, со одличен поглед кон морето. На комфорната тераса на катот, но и во дворот, под дебелата сенка можат да уживаат и да се дружат сите присутни. Тука иако бевме гости, се чувствувавме буквално како да сме во својот дом, а домаќините, Марко и Ружица
постојано приредуваа по некое пријатно изненадување за нас и за нашите деца. Наутро, мирис на свежо приготвено кафе од Ружица и сезонско овошје, а попладне фин муабет со Марко, со по некоја чашка Ризлинг или Грашевина. Домаќините се срдечни и искрени луѓе какви што досега немавме сретнато!!! Аромата на лаванда, ловор, смоква, рузмарин, бор и мирисот на морето ве следат на секој чекор, а во близина имате и неколку пекари, продавници за готова домашна храна и трговски центар со познати брендови. За автомобилот има паркинг под сенка, во самиот двор. Местото е потполно безбедно и сигурно, па ние речиси никогаш не ја заклучивме колата...Има неколку плажи од кои две се поголеми, но најважното е што речиси сите имаат природна сенка од големи борови дрвја. Ако сакате, на плажа може да останете преку целиот ден без да ве удри горештината. Под дрвјата пирка свежо ветре и не е воопшто спарно и непријатно. Релацијата до плажата е 5 минути надолу, а 15 враќање до апартманот, сметано според можностите на дете од 5 години. Локацијата е идеална бидејќи е помеѓу легендарниот Дубровник и прекрасниот Цавтат. Екскурзија до секое од овие места е само 10 минути со автомобил. И на двете места има обезбеден паркинг. Љубителите на возење со бротче имаат можност да бираат различни понуди. Се на се, местото топло го препорачуваме за одмор сосема поразличен од стандардната шема за летување. Мирно и релаксирано, од една страна, но по желба можете да си поминете и подинамично поради широката понуда на излетнички места. Ако летувате тука, не заборавајте да го посетите и Купари, што е на само 5 минути со автомобил и да прошетате низ некогашниот „Хаваи на Јадранот“.Петар и Габриела, Скопје, Македонија
Подробнее